( Видео) Во туристичкиот слоган на Албанија вметната референца од филмот „96 часа“

Во слоганот на албанската туристичка агенција „Be taken by Albania“ многумина ја препознаа референцата од филмот „96 часа“ (Taken), во кој Лиам Нисон го толкува поранешниот агент на ЦИА, чија ќерка е киднапирана од албанските  трговци на луѓе.

Албанците не само што упатуваат на филмот намерно, туку преку видео му се обратија директно на Нисон, кој беше поканет да ја посети нивната земја. На снимката му објаснуваат на Нисон што сè ќе го маѓепса (игра на зборови –  taken by Albania) во Албанија, а меѓу другите му се обрати и министерот за туризам.

Во кампањата, признаа дека се свесни дека Албанија во популарната култура е прикажана како рај за бандити, криминалци и мафијаши, но наведуваат дека тоа е сосема неточно.

На социјалните мрежи, реакциите беа поделени. И додека некои забележаа дека го ценат нивното чувство за хумор, други не можеа да поверуваат дека ова е навистина официјално туристичко рекламирање на земјата.

Треба да знаете
Последни објави