Заев: Кој е Мицкоски да кажува дали му се допаѓа обвинителот
„Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт“, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали смее политичките партии да разговараат за избор на обвинители.
Заев рече дека разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство со кои треба да се осигура иднината на специјалното јавно обвинителство не се пазарење за криминал. Тој рече дека единственото што го знае од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е дека не му се допаѓа Катица Јанева и актуелниот тим на СЈО.
Ако опозицијата одлучи да не гласа за овој закон, кој треба да биде донесен со двотретинско мнозинство, тогаш ќе се продолжи со постојните закони, рече Заев. Заев сведочеше на судско рочиште каде се јавува како оштетен поради закани упатени на „Фесјбук“ од 2016 година.