Во најновото истражување за тоа колку се искрени мажите, а колку жените кога станува збор за сексот, своето интимно мислење го дале 2.000 мажи и жени. Резултатите покажуваат дека постојат големи разлики меѓу половите.
Според резултатите на анкета, најпопуларната лага меѓу жените е врзана со бројот на партнери со кои спиеле, додека мажите најчесто лажат дека не ги изневеруваат партнерките.
Жените често лажат дека доживуваат оргазам, не ја кажуваат вистината кога велат дека не фантазираат за секс со други мажи и лажат кога на својот партнер ќе му кажат дека ги боли глава пред секс. Жените не ја кажуваат вистината кога велат дека не мастурбираат и дека не гледаат порно филмови.
Од друга страна, мажите често знаат да излажат кога делат комплимент на партнерката, дека му се допаѓа нејзиниот физички изглед. Меѓу најчестите лаги се и тие дека се издржливи во кревет и дека не знаат што им се случило таа одредена ноќ.