Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 20.09.2018 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во станот во кој престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол ,, PSM” калибар 5,45х18 мм и 17 куршуми калибар 5,45х18 мм, кои ги поседувал без соодветна дозвола.