Здравствените експерти на Американската асоцијација за срце и Американскиот кардиолошки колеџ не препорачуваат аспирин за постари лица како превенција од срцев удар ако тие лица немаат висок ризик од, или постоечки болести на срцето.
Во согласност со насоките на овие организации, лекарите можат да им пропишат аспирин на некои постари пациенти со висок ризик, како што се оние кои имаат проблеми со холестерол или нивото на шеќер во крвта, сè додека не постои зголемен ризик од внатрешно крвавење. Сепак, упатствата не препорачуваат употреба на лекови за згрутчување на крв, како што е аспирин, за која било возраст.
„Лекарите треба да внимаваат кога пропишуваат аспирин за пациенти на кои не им биле дијагностицирани кардиоваскуларни болести”, изјави кардиологот Роџер Блументал од Универзитетот Џон Хопкинс. „Многу поважно од препорачување аспирин е да се подобрат животните навики и да се контролира крвниот притисок и нивото на холестерол.”
Според неодамнешните студии, земањето мали дневни дози аспирин во најдобар случај е губење пари за здрави постари лица, и во најлош случај може да го зголеми ризикот од внатрешно крвавење и предвремена смрт.