Шефот на полицијата во Париз Мишел Делпјуеш ќе биде сменет од функција, соопшти денеска францускиот премиер Едуард Филип по насилствата во францускиот главен град за време на протестите на жолтите елеци во саботата.
– На седница на министерскиот совет в среда, претседателот на Републиката за нов шеф на полицијата ќе го назначи Дидие Лалман, поранешен генерален секретар во МВР, изјави Филип.
Лалман ќе го замени Делпкуеш (66) за кого редовно се тврди дека заминува по „аферата Бенала” и полемиката за начинот на справување со управувањето со редот во главниот град на Франција.