Пред пет години, Русија со употреба на сила против Украина, нелегално и нелегитимно го анектираше Крим, се вели во денешното соопштение на НАТО. Во него се потенцира дека Алијансата не го признава тој чин и ја повика Русија да и ја врати на Украина контролата над Крим.
„Ова кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет е сериозно кршење на меѓународното право и сериозен предизвик за евроатлантската безбедност. Силно го осудуваме овој акт, кој не го признаваме и нема да го признаеме. Ја повикуваме Русија да и ја врати на Украина контролата над Крим”, се посочува во соопштението.