Министерството за култура на својата веб –страница го објави конкурсот за учество во финансирање проекти на правни лица од Република Северна Македонија кои се поддржани од програмaта на Креативна Европа (2014-2020) – потпрограма Култура.
Во конкурсот е наведено дека Министерството за култура ќе учествува во финансирањето проекти на правни лица од Република Северна Македонија вклучени како проектни партнери (носители или коорганизатори) на одобрени проекти од програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“, потоа проекти за соработка од помал обем; проекти за соработка од поголем обем; проекти поврзани со Европската година на културното наследство 2018 година; литературни преводи; европски платформи.
Право на учество на Конкурсот имаат правни лица: установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и слично, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, а кои се проектни партнери, било како носители или како коорганизатори, во проекти кои веќе се одобрени и се во тек во 2019 година од програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“. Правните лица, кои биле поддржани од Министерството за култура за реализација на проекти од програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.
Основен критериум е правните лица од Република Северна Македонија да се проектни партнери (носители или коорганизатори) во одобрени проекти од програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ .
Конкурс от за проектите чии активности ќе се реализираат во 2019 гoдина, започнува од 15 март и трае до 15 април 2019 година. Рокот за одлучување по пристигнатите пријави и објавување на резултатите е 15 мај 2019 година.
Повеќе информации за конкурсот, сите заинтересирани апликанти, можат да најдат на веб-страницата на Министерството за култура (http://kultura.gov.mk/konkurs-za-ucestvo-vo-finansiranje-proekti-na-pravni-lica-od-republika-severna-makedonija-koi-se-poddrzani-od-programata-na-kreativna-evropa-2014-2020-potprograma-kultura/).