Мажите со овие особини секогаш ќе бидат во предност при наоѓањето на љубовта.
Без разлика што мислат повеќето мажи, жените воопшто не се толку комплицирани суштества. Иако понекогаш се чини дека паѓаат само на лоши момци, постојат особини кои повеќето возрасни дами ги ценат.
Искреност
Ниту една жена не сака патолошки лажговци, но не ги сакаат ниту оние кои се плаѓат да кажат дека излегле со другарите на пиво бидејќи стравуваат дека таа ќе се налути. Искреноста секогаш се цени.
Романтика
Ова е особина која која мажите често се обидуваат да ја исфорсираат, па само ги влошуваат работите. Но, жените не очекуваат филмски сцени (барем не сите). Понекогаш е доволно да ја викнете на прошетка или наутро да и направите кафе.
Знаат да слушаат
Комуникацијата е двонасочна активност. Освен што вие зборите, понекогаш треба да знаете и да слушате. Никој не сака да се чувствува како да му збори на ѕид. Затоа, жените сакаат мажи кои знаат да слушаат што им зборуваат.
Смисла за хумор
Жените ги привлекуваат мажи со одлична смисла за хумор ии оние кои со леснотија успеваат да ги насмеат. Но, ни ова не е потребно да се форсира.
Самодоверба
Ваквите мажи едноставно зрачат со нешто на кое жените не можат да одолеат.
Одговорност
Самостоен и одговоен маж кој е способен да се грижи самиот за себе, знае да штеди и не ја троши својата заработка на непотребни работи е попожелен од оној кој само се фали со својата висока плата.
Поддршка
На жените им треба маж кој ќе им биде поддршка дури и кога самите не веруваат во себе. Можеби тој е првата личност на која ќе му се јавите кога автомобилот ќе ви се расипер. Или кога ќе се скарате со најдобрата другарка. Или кога имате тежок ден на работа. Човек кој несебично ви пружа поддршка е маж кој сакате да го задржите во својот живот.