Британска нутриционистка откри неколку правила според кои треба да се придружуваат оние кои сакаат да станат вегани за да го одржат имунитетот и да бидат здрави.
Таа објаснува кои билки се клучни во исхраната и кои витамини треба редовно да се внесуваат, за организмот да не ослаби.
„Разновидната храна е многу важна за добивање здрави цревни микроби за кои знаеме дека се поврзани со многу фактори од општото здравје, како управувањето со телесната тежина, спиењето и имунитетот. Оние кои се на веганска исхрана треба во секојдневната исхрана да јадат зеленчук, овошје, грав, мешунки, јаткасти плодови и семиња“, вели таа.
Секој вегански оброк треба да содржи грашок, брокула, карфиол, домат, печурки, пиперки, спанаќ, зачини, тиквички и слично.
„Оброците треба да содржат извори на протеини како киноа, леќа, јаткасти плодови, компир, кафеав ориз, кус-кус и слично. Овие состојки се битен извор на маснотии и помагаат во апсорбирање на хранливите материи, инсулинот, продукција на хормони и регулирање на воспаленија. Храната како семиња, маслиново масло и авокадо се одличен избор за веганите“, истакнува таа.
Кога станува збор за витамините и минералите, калциумот е есенцијален за здрави коски, а го има во зелениот лиснат зеленчук и морската храна, компирот и сувите сливи. Веганите често имаат и проблеми со недостатокот на витамин Д и затоа треба да користат суплементи со овој витамин.