Парис Џексон, ќерката на покојниот легендарен музичар Мајкл Џексон, била примена во болница откако се обидела да се самоубие.
Според британски медиум таа била сместена во психијатриско одделение и веќе е пуштена на домашна нега.
Веста за обидот за самоубиство на Парис Џексон следи неколку дена по објавувањето на контроверзниот документарец „Leaving Neverland“ во кој двајца мажи, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, го обвинуваат „кралот на поп музиката“ Мајкл Џексон дека сексуално ги злоупотребувал кога биле деца.
Парис се изјасни дека смета дека татко ѝ е невин, но вчера на Twitter објави дека не ѝ е работа да го брани.
„Нема ништо што би можела да го кажам, а не е веќе кажано во одбрана на татко ми. Го поддржувам, но не ми е работа да го бранам татко ми. Јас само се обидувам да ги натерам сите да се смират, да бидат внимателни и да ја погледнат пошироката слика.Таква сум јас“, напиша Парис и додаде дека ги поддржува напорите на нејзиното семејство да се тргнат лагите од името на татко ѝ.
Парис е второто од трите деца на Мајкл Џексон. Не е познато како се обидела да се самоубие 20-годишната манекенка.