Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје во 2018 година во Европската Унија пораснала на 2,3 отсто, покажуваат податоците на Евростат.
И во ЕУ и во еврозоната, најголем проблем со наоѓањето работници на крајот на минатата година имало во услужниот сектор, по што следува градежниот сектор.
Најголема стапка на слободни работни места забележале Чешка од 6 отсто, Белгија и Германија со 3,4 отсто и Австрија со 3,1 отсто.
Најниска стапка на слободни работни места забележала Грција – 0,4 отсто, па Бугарија, Ирска, Шпанија и Португалија.
Најголем скок на побарувачката на работна сила забележале Чешка, Австрија, Германија и Малта.