Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашниот натпревар и победата на „Кревин Котиџ“ против Фулам (1:2) се осврна на шансите неговиот клуб да ја освои титулата.
Ливерпул и Манчестер Сити до крајот на сезоната ќе водат жестока битка за да стигнат до тронот во Англија, а во моментов во блага предност се „граѓаните“ од Манчестер.
Германскиот стратег истакна дека не е оптимист дека Манчестер Сити ќе си дозволи да изгуби бодови во преостанатите осум кола до крајот на сезоната.
– Сакавме да останеме во трката за титулата, тоа и го направивме. Првото место е најдоброто на кое може да бидете, но мене ми изгледа дека Сити во продолжение нема да изгуби многу бодови, затоа мора да победуваме, победуваме и само да победуваме, -заклучи Јирген Клоп.