Мајка и три ќерки ја покажаа својата коса, а вистински ШОК следува кога ќе се свртат!
Тери Лин Расел е мајка на пет деца од кои три се ќерки. 43-годишната жена и нејзините ќерки се познати како „златокосите“ од Илионис, бидејќи имаат долги коси кои никогаш во животот не ги шишале. Должината на косата на Тери е 189 см, косата на најстарата ќерка Келан е 94 см, Сендалин има коса со должина од 92 см и Чесни, најмалата ќерка има коса со должина од 67 см. Од ликот Златокоса од познатата бајка се разликуваат само по бојата, бидејќи се бринети.
Должината на нивната коса е, всушност, последица на генетски феномен кој прави нивната коса непрекинато да расте. Кај многу луѓе, ако не ја потстрижуваат, косата ќе го достигне најмногу нивото на половината, но кај „златокосите“ тоа не е случај.
Секако, нивните коси бараат и посебен метод на миење. „Моите ќерки ставаат шампон на косата, а јас стојам покрај нив со тушот. Јас својата коса не ја мијам во туш-кабината. Еднаш се обидов и косата толку ми отежна од водата така што паднав на подот од кабината“, вели Тери.
Но, да имате волку долга коса не е едноставно! Тери еднаш ја треснала вратата од автомобилот преку косата, а редовно ја гази и кога работи со правосмукалката и тоа и претставува голем проблем. Мајката и трите ќерки редовно одат на натпревари и на Тара никој не може да и биде конкуренција, па нивната куќа е полна со награди.