Во пукотници во трамвај во холандскиот град Утрехт неколкумина се повредени, пренесуваат светските медиуми. Според првичните информации, се работи за непознат маж, кој почнал да пука во трамвај, при што има и повредени лица.
Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата се уште трага по напаѓачот, а во пукањето можно е да учествувале и повеќемина.
На терен се антитерористичките единици и возила на брза помош, а полицијата ги замоли граѓаните да ги ослободат улиците за да може брзата помош да помине. Инцидентот се случил во 10.45 часот, во близина на плоштадот 24 Oктомври.