Полицијата објави дека го уапсила мажот виновен за злоставување на дете, откако неколку пати го ставал своето дете во машина за сушење алишта која некогаш и ја вклучувал.
Дваесет и пет годишниот Стивен Тодхантер од Алабама е приведен, бидејќи во периодот од 2017 и 2018 година во повеќе наврати го казнувал своето дете на возраст од 3 години на бизарен начин, го ставал во машина за сушење алишта.
По ставање на детето во машината ја затворал вратата, ја потпирал со столица, а понекогаш и ја вклучувал машината.
Според пишувањата на медиумите, доколку биде осуден го чека долг престој во затвор.