Циклонот Идаи предизвика масовно уништување на градот Беира во Мозамбик, соопшти Црвениот крст. Невремето се спушти на копното во четвртокот со ветрови со брзина од 170 киломтри на час, а помошта во Беира пристигна дури вчера.
Луѓето биле спасувани од дрвјата, а домовите биле уништени и покривите откорнати. Циклонот усмрти најмалку 150 луѓе низ јужна Африка.
Над 80 луѓе загинаа во источиот и јужниот дел на Зимбабве, информираше министерот Ник Мангвана.
Меѓу загинатите се и двајца ученици во интернат, во областа Чимаманини, кои настрадале откако нивниот дом бил погоден од карпи кои паднале од планината.
Најмалку 68 луѓе загинале во Мозамбик, главно околу Беира. Малави исто така беше тешко погодена. Поплавите таму предизвикани од обилните дождови пред циклонот, доведоа до најмалку 122 смртни случаи.