Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за изнуда против поранешниот возач на бизнисменот Цветан Пандлевски. Уценувачот го искористил апсењето на Панделевски поради случајот „Империја“ па се обидел да изнуди 150.000 евра од неговата сопруга.
-Обвинетиот во текот на ноември и декември 2018 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.
За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150.000 евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата, велат од ОЈО.
За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето/
…