Кривична за скопјанка за ширење на говор на омраза на Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава за говор на омраза против скопјанката  Фросина Тина Мартиновска, по реакциите на јавноста по нејзината објава на Фејсбук.

„МВР континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Ја информираме јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите“, информираат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

 

 

Треба да знаете
Последни објави