Претседателот на Франција, Емануел Макрон, размислува да забрани демонстрации на познатата париска авенија Шанзелизе (Елисејски полиња), објави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на информации од претставник на претседателскиот кабинет.
Агенцијата АП пренесува дека државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нун, потврдил дека во сабота полицијата не успеала да ги спречи насилните демонстрации на „жолтите елеци“ во Париз и рече дека владата се обидува да избегне повторување на ова сценарио.
Во саботата, за време на протестите, демонстраните запалија банка во приземје на седумкатна станбена зграда веднаш покрај авенијата Шанзелизе.