Мистериозен маж шетал по улиците на Сарагоса со крвави панталони и исечен пенис. Пенисот го ставил во проѕирна кеса и со него шетал низ градот. Засега се знае само дека мажот е од Голема Британија, а шокираните туристи од познатото летувалиште веднаш повикале полиција. Станува збор за триесетгодишен маж кој веќе некое време живеел во шпанското леутувалиште. По пријавата мажот веднаш бил однесен во болница каде на докторите им рекол дека сам си ја пресекој машкоста. Исто така признал дека барал некој претходните денови кој ќе го снима кога ја спроведувал бруталната замисла на дело. Истражителите велат дека сеуште не се сигурни дали тоа го направил под дејство на дрога или имал проблем со менталната состојба.
Во меѓувреме лекарите повторно го споиле пенисот, но не се знае дали човекот има проблем со виталните функции.