Сезоната за Лос Анџелес Лејкерс одамна е загубена, а поразите никако да престанат да се нижат. Овојпат Леброн Џејмс и соиграчите доживеаја пораз во Њујорк, од тимот на Никс.
Гостувањето кај Њујорк Никс се покажа како лошо искуство за играчите на Лос Анџелес Лејкерс, кои и покрај тоа што ја имаа предноста во текот на целиот натпревар, сепак на крајот загубија со 124:123.
Во последниот напад од натпреварот, Леброн Џејмс беше запрен во обидот да му донесе победа на тимот на Лејкерс, и тоа од страна на Марио Хезоња. „Кралот“ Џејмс ја заврши вечерта со 33 поени, 6 скока и 8 асистенции, но шутираше неефикасно од поле, а посебно од зад линијата за три поени (0/6). Добрата форма ја задржа и Кајл Кузма, кој постигна 18 поени и забележа 8 асистенции.
Листата на стрелците во тимот на Њујорк Никс ја предводеше Емануел Мудие со 28 поени, додека Дамијен Дотсон постигна 25 поени. Диандре Џордан покажа колку е важна играта под кошевите, забележувајќи дабл-дабл учинок со 15 поени и 17 скока.
Останати резултати:
Мајами Хит – Шарлот Хорнетс 93:75
Милвоки Бакс – Филаделфија Севентисиксерс 125:130
Детроит Пистонс – Торонто Репторс 110:107
Орландо Меџик – Атланта Хокс 101:91
Сакраменто Кингс – Чикаго Булс 129:102
Хјустон Рокетс – Минесота Тимбервулвс 117:102
Лос Анџелес Клиперс – Бруклин Нетс 119:116