Нови пукотници пријавени по утринскиот напад, заканата од тероризам во Утрехт на највисоко ниво

Нови пукотници се пријавени на неколку други локации во Утрехт по утринскиот напад во трамвај, информира шефот на холандкста антитерористичка агенција неколку часа по првичниот напад, пренесува РТ.

Питер-Јаап Алберсберг предупреди на Твитер дека напаѓачот од трамвајот е сè уште во бегство.

Претходно денес Холандија го крена алармот за закана од тероризам во провинцијата Утрехт на највисоко ниво по утринскиот напад во трамвај во кој загина едно лице, а повредени се неколку други. Холандската агенција за борба против тероризмот соопшти дека сочигледно станува збор за терористички напад.

Националниот координатор за борба против тероризмот (НАТЦ) соопшти дека го кренал нивото на закана од тероризам на 5 во целата област на Утрехт, што е највисоко ниво за итни случаи од ваков вид. Алармот ќе остане на тоа ниво најмалку до 18 часот.

Од агенцијата велат дека одлуката е донесена по пукањето на трамвај во Утрехт,а инцидентот, според НАТЦ, во моментов ги има сите карактеристики на терористички напад.

Претходно во март, агенцијата предупреди дека заканата од тероризам останува висока на територијата на целата земја.

„Во текот на изминатата година состојбата со заканата во Холандија беше неизвесна”, предупреди тој, велејќи дека ризикот од напад во Холандија е сé уште реален.

Воената полиција, исто така, ја зголеми безбедноста на аеродромите и пред клучните институции.

Холандскиот премиер, Марк Руте, ја нарече ситуацијата многу загрижувачка, а координаторот за контратероризам во земјата изјави во твит дека кризниот тим се состанал за да одговори на ситуацијата.

Треба да знаете
Последни објави