Пендаровски:Политичките партии не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата

Политичките партии не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата. За жал во минатото бевме сведоци кога тесно партиските интереси беа претставувани како државни интереси или како интереси на сите граѓани кои живееја во нашата земја.

Во таков случај најголема жртва се имено граѓаните и нивните интереси бидејќи тесно партиските елити своите приватни финансиски интереси си ги претставуваат како интереси на сите нас. Тоа повеќе не смее да се дозволи.

Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката.

Јас ќе бидам како претседател решително против тоа, тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на сите граѓани.

Партиските интереси си имаат свое место меѓутоа несмее да дојде до спојување на интересите на една тесна партиска клика со интересите на сите нас, бидејќи во тој случај трпат економските интереси на државата, на граѓаните, трпат нашите интеграции и најмногу трпат правата и слободите на граѓаните. Како претседател на државата имам намера да бидам решително против секој обид тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на целата држава.

Во мене граѓаните ќе имаат најголем заштитник на своите права и слободи и најголем промотор на овој нов тип на политика кои ни е потребен после долги години стагнирање во оваа сфера.

Треба да знаете
Последни објави