Почна Поединечното Европско првенство во шах

Поединечното Европско првенство во шах почна денеска во хотелот „Хилтон Дабл три“, со рекорден број на учесници и ќе трае од денеска до 30 март.

На првенството ќе учествуваат околу 400 учесници од  44 држави и според  бројот на учесници едно од трите најголеми европски првенства. Првенството е организирано со помош од Владата на РМ, општината Аеродром и Агенцијата за млади

Македонија учествува со околу 15 учесници, од кои најголеми шанси за добар пласман има Кирил Георгиевски. Меѓу фаворитите е Хрватот Иван Шариќ, кој ја брани титулата европски првак, како и Украинецот Руслан Пономариов.

 

Треба да знаете
Последни објави