Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Д.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 07.09.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на мотоцикл, управуван од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.