Втор пат за една седмица, членови на грчката анархистичка група Рубикон „го нападнаа” објектот на Министерството за животна средина на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во вториот напад со фрлање бои врз зградата на Министерството учествувале околу 10 лица, а според грчите медиуми, полицијата привела четворца од нив.
Рубикон преку соопштение на анархистичи сајт презеде одговорноста за нападот и објасни дека акција е реакција на плановите на Владата и компаниите за отворање рудници, во услови кога „животната средина е под сериозна закана од интересите на државата”.