Изборната кампања за претстојните претседателски избори започнува следниот месец, а она што се чини најмногу го очекува јавноста е директно соочување на претседателските кандидати пред ТВ камерите.
Независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, веќе неколку пати го повика Пендаровски на ТВ-дуел, а Пендаровски прифатил, но откако и официјано ќе започне предизборната трка. Тој истакна дека учествувал во таков дуел и пред 5 години и нема причина сега да одбие.
Од изборниот штаб на третиот претседателски кандидат Блерим Река, кој денеска и официјално ја достави кандидатурата до ДИК, најавија кампања во целата држава и дека ќе бараат поддршка од сите граѓани, не само од Албанците.