Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на Скопје.
На средбите со граѓаните низ центарот на Скопје, Пендаровски разговараше за претстојните претседателски избори и потребата од вистински претседател кој обединува и работи во интерес на граѓаните и државата.
Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, кадешто заедничкиот кандидат разговараше со граѓани, дуќанџии, еснафи и пазарџии.
„Како држава, како општество конечно тргнавме напред и затоа потребно е заедно, со здружени сили да го поддржиме напредокот, да го искористиме позитивниот момент и да продолжиме напред. Граѓаните заслужуваат претседател кој ќе биде претседател на сите, претседател кој ќе биде над партиите и ќе биде достоен претставник на државата. Подготвен сум да водам напред, да бидам претседател на сите граѓани“, порача Пендаровски.