Јапонската индустрија за забава неодамна беше потресена од скандал во врска со актерот Пјер Таки, кој беше уапсен за набавка и поседување на кокаин.
Наркотиците се многу контроверзнa и табу тема во јапонското општество, па скандалот доведе до тоа играта Judgment од серијалот Јакуза целосно да биде повлечена од продажба само три месеци по излегувањето, бидејќи Таки во неа го позајмувал гласот за еден од водачите на мафијашкото семјество.
Компанијата „Сега“ во моментов ја стопираше продажбата и избришана е секоја форма на рекламирање на играта. Исто така се разгледува што ќе биде со глобалното лансирање на играта, што треба да се случи во јуни.
Во меѓувреме, поради повлекувањето од пазарот, дисковите од играта за „плејстешн 4“ кои на некој начин и натаму циркулираат, станаа еден вид на колекционерски реликвии, бидејќи, како што стојат работите, тие ќе бидат единствените примероци од играта во кои ќе се слуша гласот на Пјер. „Сега“ планира во потполност да го исфрли неговиот глас од играта односно зборувањето на неговиот карактер треба да го прочита друг актер.
Копиите од игрите до кои може да се дојде во моментов, сега се продаваат по цена од 100 долари, а на црниот пазар достигнуваат и многу повеќе. Редовната цена на играта пред повлекувањето беше околу 60 долари.