Заев: Низ дијалог до решение за религиозниот објект во центарот на Охрид

Наследените проблеми за спорната градба без соодветна документација на дел од религиозен објект во центарот на Охрид и изнаоѓање на решенија согласно закон, биле тема на денешната средба на премиерот Зоран Заев со в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски и в.д. директорката на НУ Завод и музеј, Охрид Елеонора Новаковска, како и со претставници и претседателот на граѓанското здружението „Совест”, Михаил Трендафилов.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговараше и за аспектите за заштита на културното наследство во градот Охрид кое е од заедничко значење за сите граѓани на Република Северна Македонија.

-Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите на Република Северна Македонија и дека преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се изнајдат решенија во интерес на граѓаните на градот Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави