На регионалниот пат Неготино – Лакавица од утре ќе се реконструира мостот на Вардар кај село Пепелиште, поради што сообраќајот ќе се пренасочува по земјаниот пат Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони, соопшти денеска Автомотосојузот на Македонија.
На местото на активностите ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација.
Сообраќајниот режим ќе трае до завршување на градежните активности.