Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Кавадарци, каде се сретна со граѓаните и учествуваше на трибина со младите од оваа општина.
Во разговорите, Пендаровски посочи дека по бурниот политички период, државата конечно тргна напред по вистински пат, по патот што води во ЕУ и НАТО што директно влијае на подобрување на економската и обезбедуваат повеќе странски инвестиции, нови добро платени работни места и подобар животен стандард.
Се кандидирав за претседател бидејќи сум цврсто убеден дека државата почна да се движи по вистински пат. Сега е многу важно да не го прокоцкаме она што со голема жртва го стекнавме. На изборите силно да ги поразиме оние кои сакаат да го закочат напредокот, а не нудат никаква алтернатива на патот по кој тргнавме. Ова е шанса на нашата генерација, да обезбеди светла и подобра иднина за нас и за нашите поколенија, порача Пендаровски.
Цврсто стојам зад концептот на обединување, верувам дека заедно можеме да го засилиме напредокот, за да ги задржиме младите дома, за да имаат перспективи и подобар живот за сите, заклучи Пендаровски.
Заедничкиот кандидат Пендаровски продолжува на средби со граѓаните на Гевгелија.