Седумдесетиосумгодишен маж од селото Ѓавото, општина Богданци, вчера бил најден мртов во нива, лоцирана во местото викано „Парагон“, атар на селото Ѓавато.
По извршениот увид на местото од страна на Јавен обвинител и екипа на Надворешната канцеларија криминалистички работи Гевгелија, било утврдено дека Б.В. починал како последица на загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.