Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (82) е опериран од кила на препоните, соопштија од неговата партија Форца Италија, додавајќи дека операцијата е успешна и дека ќе му требаат неколку дена за закрепнување.
Поради операцијата, Берлускони ги откажа предизборните активности планирани за четврток и петок, и тоа непосредно пред локалните избори во италијанскиот јужен регион Базиликата, закажани за недела, 24 март.
„Разговарав со Берлускони и му посакав брзо закрепнување”, рече италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, кој требаше да учествува во предизборната кампања заедно со Берлускони.
Во текот на изминатите години, Берлускони се соочи со многу здравствени проблеми, а во 2016 година имаше операција на срце.