Елизабет Фрицл беше затворена во подрумот на нејзиниот татко 24 години. Монструмот Јозеф Фрицл ја силувал речиси секој ден и ѝ направил седум деца. Шестмина преживеале, а едно, наводно, изгорело во шпорет.
Кога таа конечно успеа да се спаси со децата, целата приказна исплива на виделина и ја згрози светската јавност.
На 19 март 2009 година Фрицл беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението: за убиство предизвикано од малтретирање, држење во ропство, лишување од слобода, силување, присила и родосквернавење.
Фрицл беше осуден на доживотен затвор, а пред две години зеде друго име – Фриц Маерхоф – за да не го идентификуваат другите затвореници.
Неговата ќерка, која беше затворена во подрумот од нејзината 18. до 42. година, доби ново име, но строгите закони забрануваат тоа да биде откриено.
Со шесте преживеани деца, таа живее во неименувано австриско село во куќа со весели бои. Децата на возраст од 17 до 31 година спијат во простории каде што вратите се постојано отворени, а секоја недела имаат терапии за да се ослободат од траумите од детството.
Двокатната куќа е под постојан надзор, а и обезбедувањето постојано ја надѕира. Ако некој странец се приближи, полицијата веднаш ќе го запре. Другите локални жители се запознаени со ситуацијата и исто така му помагаат на семејството.
Во 2009 година, само една година откако беше ослободена од подрумот, медиумите објавија дека Елизабет се вљубила во младиот Томас Вагнер, чувар кој беше задолжен за нејзината безбедност.
Иако многу помлад од неа, тој брзо се пресели кај Елизабет и нејзините деца. Психијатрите велат дека овој однос ѝ помогнал на Елизабет да ги надмине многуте трауми.
Освен што редовно оди на терапија, Елизабет научи да вози, им помага на децата во учењето и се дружи со локалните жители.
Таа не се грижи за пари бидејќи австриската влада ѝ обезбеди џепарлак од „50 000 евра” за нејзините деца.