Високиот претсетавник во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко изјави дека денешната пресуда за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ изјави дека ја потврдува индивидуалната одговорност, а не колективната вина и дека тоа треба да е олеснување за сите чесни луѓе.
– Нема лоши народи, само лоши поединци, посочи Инцко.
Тој додаде дека денешната одлука на Апелацискиот совет претставува важен момент и треба да пружи чувствоп на завршување на едно поглавје за сите жртви, како и за тие кои преживеаја „геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото во БиХ”.
– Ниту една судска одлука не може на преживеаните да им ги врати најмилите, но може да им даде извесна доза на морална сатисфакција, наведе Инцко.
Тој ги повика властите и политичките лидери во БиХ да се воздржат од политичко надмудрување или од обидите за дискредитација Хашкиот трибунал и на Резидуалниот механизам за кривични судови, бидејќи тие ја откриваат вистината и инсистираат на задоволување на правдата по злосторствата извршени во новата трагична историја на БиХ.
Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, наследник на Хашкиот трибунал, денеска, по три години жалбена постапка, ја изрече второстепената пресуда на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, со која тој е осуден на казна доживотен затвор.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал во март 2016 година го осуди Караџиќ на 40 години затвор за геноцид во Сребреница и злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.