Во полициска контрола во угостителски објект во тетовското село Горно Седларце, општина Боговиње, биле затекнати 12 девојки, кои работеле како танчерки. Седум од нив биле од Албанија и пет од Република Северна Македонија.
Албанските државјанки, по задржувањето во Полициската станица Тетово, биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.