Петгодишно момче кое се загубило при семеен излет во западна Аргентина, е пронајдено живо и здраво откако минало 24 часа во пустината во провинцијата Сан Хуан.
Властите и околу 1.000 доброволци учествувале во потрагата, а детето го нашол поранешен возач на мотор на релито Париз-Дакар. Тоа заталкало 21 километар од местото на кое претходно било видено.
– Ми беше студено. Лошо спиев, потпрен на еден камен, рече момчето за медиумите откако веќе било згрижено.
Детето е сместено в болница поради полесна дехидратација, но вчера е пуштено дома.