ДУИ ја поддржа кандидатурата на Хекуран Дука за градоначалник на Дебар
Демократската унија за интеграција силно ја поддржува вчерашната едногласна одлука на разгранокот на ДУИ во Дебар за кандидатурата на доктор Хекуран Дука за градоначалник на Дебар.
„Демократската унија за интеграција, со сите свои претставници на централната, извршната и законодавната, како и во локалната власт, ќе ја поддржи визијата на доктор Дука за Дебар и дебарани. Дебар секогаш има посебно место за нас во ДУИ и сме посветени на Дебар и на дебарани да им овозможиме континуитет, развој и издржаност“, велат од партијата.