Македонскиот јазик официјално и во НАТО
Република Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО, на официјалната страница на НАТО при вчерашната заедничка прес-конференција на Премиерот Заев и секретарот Столтенберг официјално на преводот стоеше за прв пат Македонскиот јазик.
Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средбата му честиташе на Премиерот Заев за успехот со договорот од Преспа и неговата имплементација.
„Сите сте сведоци дека само за година и половина, со решавање на клучните предизвици за иднината на нашето општество и нашата земја, Владата успеа да ја врати земјата на вистинскиот пат, на патот на евро – атлантските интеграции“, потенцираше Премиерот Заев на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера во Брисел.