Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја извести јавноста дека е издадена дозвола број 3 за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.
Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условни одобренија број 03-01 за управување со задолжителен пензиски фонд и број 03-02 за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.
„Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија. Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови“, велат од МАПАС.