Науката потврди: Возрасни стануваме дури во 30-тите

Дали некогаш кога сте имале 20-тина години ви рекле да пораснете или да почнете да се однесувате како возрасна личност, или едноставно ви требало изговор за да гледате видеа со мачки на интернет со часови и да се смеете?

 

Сега официјално имате причина зошто не сте се однесувале како зрела возрасна личност.

Невролозите тврдат дека луѓето стануваат возрасни дури во третата деценија од животот.

Научници кои ги проучувале мозокот и нервниот систем велат дека возраста на која стануваме возрасни се разликува од еден човек до друг.

Истражувањата покажуваат дека кај луѓето на 18 години уште се случуваат промени во мозокот што може да се одразат на однесувањето и да придонесат кон развивање на пореметувања на душевното здравје.

Професорот Питер Џонс од Универзитетот Кембриџ вели:

„Она што всушност сакаме да го кажеме е дека поставувањето на дефиниција кога преминуваме од деца во возрасни станува сѐ поапсурдно. Таа транзиција има многу повеќе нијанси и се одвива во текот на три децении.“

Тој додава дека на системите како образовниот, здравствениот и правниот систем им е покорисно да има дефиниции во овој поглед.

Кога ќе наполни 18 години, човек може да гласа, да купи алкохол, да земе кредит и одговара пред законот како возрасен.

Сепак, професорот Џонс смета дека искусни кривични судии ја воочуваат разликата меѓу 19-годишен обвинет и „закоравен криминалец“ во доцни 30-ти.

„Сметам дека системот се адаптира на она што ни стои пред очи, а не го гледаме – дека на луѓето не им се допаѓа идеката дека гасеницата се претвора во пеперутка“, вели тој.

„Нема строга линија во години меѓу дете и возрасен. Созревањето е патување, траекторија.“

Треба да знаете
Последни објави