Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека доброволно се согласил привремено да го запре учеството на неговата партија Фидес во работата на Европската народна партија (ЕПП).
Орбан рекол дека Собранието на овој главен сојуз на партиите од десниот центар во Европскиот парламент се согласиле да не ја исфрлат или суспендираат Фидес, туку да ѝ дозволат доброволно да не учествува во работата на ЕПП, додека независната комисија не го заврши надзорот во врска со владеењето на правото во Унгарија, пренесува „Ројтерс“.
Претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, претходно денеска на својот профил на „Твитер“ наведе дека Фидес по денешното гласање на членките на ЕПП е веднаш суспендирана, на неопределено.
Дол наведе дека суспензијата се однесува на присуството на Фидес на партиските состаноци, како и на правото на глас, односно предлагањето на кандидати за позииции кои ѝ припаѓаат на Европската народна партија.