Град Скопје ги известува граѓаните дека од 7 часот целосно e затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Сообраќајот на оваа делница, додека траат градежните активности, ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.