Претседателот на Српската рдикална партија, Војислав Шешељ, изјави дека денешната правосилна пресуда за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, со која е осуден на доживотен затвор, е скандалозна и непрофесионална.
„Пресудата е скандалозна и го одржува континуитетот најлошите традиции на Трибуналот“, рекол Шешељ за руската агенција „Тасс“.
Додал дека пресудата е заснована на лажни сведочења и наметнати факти и дека очигледно ја донеле некомпетентни луѓе без морал.
Меѓународниот суд во Хаг денеска правосилно го осуди Караџиќ на доживотен затвор за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Босна и Херцеговина.
Со првостепената пресуда во 2016 година тој беше осуден на 40 години затвор.