13-годишно девојче од селото Идризово било тешко повредено откако било удрено од автомобил, вчера во близина на скопското село Идризово.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 13.20 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Велес и сервисната улица која води кон населбата Нова Колонија. Автомобил „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(56) од Скопје, удрил во девојчето кое се здобило со тешки повреди. По сообраќајката девојчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.