Глумците од хит-серијата „Беверли Хилс” имале свој приватен „повторен собир” во чест и сеќавање на својот колега Лук Пери (Дилан), кој почина на 4 март.
Седенката се случила во домот на Габриел Картерис, која ја глумеше Андреја во тинејџерската ТВ серија која ги обележа 90-те, а тоа го соопшти Брајан Остин Грин (Дејвид) во својата интернет емисија.
– Се видов со луѓето кои ги немав видено 18 години. Чувствата беа измешани… Сите беа пресреќни што повторно сме заедно, но – поводот беше ужасен, рече Грин.
3а Пери, тој вели дека бил „многу голем фраер”.
– Лук беше човек за кого никој немаше лош збор. Едноставно, тој беше супер тип. И, секогаш беше свој, истиот Лук, без разлика каде ќе го видите. Многу сум среќен што го познавав. Беше одличен човек и ќе ми недостасува, се осврна Грин на својот пријател.