Антимонополското регулаторно тело на ЕУ го казни „Гугл” со 1,49 милијарди евра поради „злоупотреба на доминантната позиција во онлајн огласувањето”.
„Гугл” е казнет по жалбата дека ги блокира рекламите на конкурентските компании на своите пребарувачи.
Ова е трета казна за американската компанија во последниве две години. Антимонополскиот регулатор на ЕУ лани го казни „Гугл” со рекордни 4,34 милијарди евра затоа што го користел својот оперативен систем Андроид за блокирање на конкурентите.
Претходно, во 2017 година, „Гугл” беше казнет со 2,42 милијарди евра поради злоупотреба на доминантана позиција на пазарот.