Њујоршката полиција го уапси Џејми Монтемарано (43) поради пишување графити во чест на американскиот претседател Доналд Трамп на главната железничка станица во Бруклин.
Шефот на полицијата Едвард Делаторе вчера на прес-конференција изјави дека полицијата од јануари добила повеќе жалби од патници и работници во метрото поради графитот #loveTrump, кој се појавувал во подземната железничка станица во Бруклин.
Полициските службеници кон крајот на минатот месец се досетиле дека можат да постават ѕид од иверица, зад кој би се сокриле полицајци во цивил и на тој начин да го „примамат” пишувачот на графити.
„Ѕидот” бил поставен на 12 март, а три дена подоцна Џејми повторно се појавил на местото и додека пишувал, полицијата го уапсила. Тој е обвинет за помал прекршок, информираат од полицијата.